МВР

Кумановец приведен поради противправно лишување од слобода, физичко и сексуално насилство

01.06.2026 11:19

Полицијата во Куманово уапси 35-годишен кумановец осомничен дека речиси два дена противправно држел 36-годишен сограѓанин во својот дом, каде што физички го малтретирал, го принудувал на сексуални дејствија и на користење дрога.

Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 21:15 часот го лишиле од слобода Д.П. (35) од Куманово, поради сомнение дека од 29 до 31 мај противправно држел 36-годишен познаник во својот дом.

Според информациите од полицијата, осомничениот без согласност и со употреба на сила го задржувал оштетениот, при што повеќепати физички го нападнал, го принудувал на орално сексуално задоволување и на користење дрога.

При приведувањето кај Д.П. биле пронајдени и одземени марихуана, мобилен телефон со траги од бела прашкаста материја, како и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со случајот.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.