Денот на детето потсетник на невидливиот ранец
Деца на училиште не носат само учебници, туку и емоционален товар, предизвици, желби. Во време на социјални мрежи, сајбер булинг, неопходно е да бидат разбрани со емпатија. Клучна улога има соработката меѓу наставниците и родителите, е пораката на Меѓународниот ден на детето.

Дечињата на училиште доаѓаат со две ранчиња. Едниот полн со учебници, вториот со невидливиот емоционален товар, социјалните, здравствените проблеми. Но во преградата се и соништата, желбите, велат наставниците коишто секојдневно работат со дечињата. Модерното време, социјалните мрежи и технологијата носат различни предизвици. Особено актуелен е сајбер булингот, затоа неопходно е да наидат на разбирање дома, но од наставниот кадар. И наставниците се согласни дека децата мора да бидат слушнати, разбрани и прифатени. Дополнуваат кога учениците чувствуваат дека се прифатени без осуда, тогаш споделуваат.
„Најмалите најмногу буквално за се, од убавите работи кои се случуваат родендените, подароците, дружењето, што се случило дома, и како што почнуваат да растат полека се затвораат. Најголемите ученици споделуваат само доколку се чувствуваат почитувани од наставникот. Споделуваат за своите идеали, соништа, меѓутоа доколку дојдат до нас и се обратат за проблемите, тука сме да сослушаме да ги разбереме со емпатија и поддршка“ нагласи Анита Димовска, претседателка Здружение на просветни работници Куманово.
За да се спречи врсничкото насилство но и да се поттикнат да споделуваат, неопходно е да функционира триаголниот ученик, наставник, родител.
„Се работи на обуки, разговори но затоа што не сме доволно модерни на универзумот на којшто припаѓаат младите, не можеме да се преклопи на она што тие го разговараат. Кога ќе го научиме нивниот јазик, универзум разбираме дека се наоѓаат понекогаш и ситни, мали, микро дискриминации кои ескалираат и прераснуваат во врсничко насилство, булинг, како што бевме сведоци во Скопје“, потенцира Александар Стефановски, наставник.
Децата мора да чувствуваат дека имаат кому да се обратат.
Денот на детето е потсетник дека секое дете има право да биде заштитено, но и неговото мислење треба да биде слушнато и почитувано.
Елена Георгиевска
