Потребна е системска психолошка поддршка на мајките
Дури 150 мајки на деца до една година се пријавиле во првите 24 часа на повикот за бесплатна психолошка поддршка. Невладините организации предупредуваат дека потребата од вакви услуги е голема и сметаат дека со подобра организација на постојните ресурси, поддршката за перинаталното ментално здравје може да стане достапна за сите мајки.

150 жени со деца на една година за 24 часа се пријавиле на повикот на невладините кои нуделе психолошка поддршка на мајките. Пријавените имале 12 средби со психолози и психотерапевтки со кои работеле на подобрување на менталното здравје. Со друг проект, се вршела едукација на терен.
Невладините истражиле што во моментот е достапно на ниво на политики и услуги за перинатално ментално здравје во државата.
Постои начин како овој тип на поддршка да им биде достапен на мајките, потребна е реорганизација на ресурсите, велат невладините.
Невладините на терен се поддржани од Француската амбасада, која сака добрите практики да ги преслика во Македонија.
Во Франција, пред три години алармот го вклучила студија којашто обелоденила жените после породувањето страдаат од анксиозност, депресија, а голем број имале и самоубиствени нагони.
Наташа Јанчиќ-Менковски
