Седум и пол години затвор за Вангелица Илијевска која ги уби сопругот и свекорот
Основен суд Куманово денеска ја изрече пресудата откако Основното јавно обвинителство претходно изврши преквалификација на делото од кривично дело „убиство“ во „убиство на миг“...

Седум и пол години затвор казна доби кратовчанката Вангелица Илијевска, која пред речиси две години со нож ги уби сопругот и свекорот.
Основен суд Куманово денеска ја изрече пресудата откако Основното јавно обвинителство претходно изврши преквалификација на делото од кривично дело „убиство“ во „убиство на миг“.
Обвинетата го призна делото, потенцирајќи дека дејствувала во афект и жали за сторените кривични дела. Таа ќе мора да ги плати и трошоците за обдукција, психијатриско вештачење и побарувањата на семејството на починатите.
Одбраната бараше судот да земе предвид дека обвинетата била 15 години жртва на семејно насилство.
