Кривичен суд

Условна казна за членот на обезбедувањето на премиерот кој физички ја нападна сопруга

01.06.2026 16:37

На Ристовски му се судеше за кривично дело телесна повреда, откако неговата сопруга на втори мај го пријави за семејно насилство и за закани, но и дека и го скршил телефонот...

Раде Ристовски, член на поширокото обезбедување на премиерот, Христијан Мицкоски доби условна казна од една и пол година затвор откако призна пред судот дека ја истепал сопругата.

Од Кривичен суд велат дека казната нема да се изврши ако обвинетиот во рок од три години не стори ново кривично дело.

На Ристовски му се судеше за кривично дело телесна повреда, откако неговата сопруга на втори мај го пријави за семејно насилство и за закани, но и дека и го скршил телефонот.