Хокеј

Петто светско злато за Финска

01.06.2026 17:58

Во финалето во Свис Арената во Цирих, Финците ја совладаа домашната Швајцарија со златен гол, откако по 60 минути мрежите мируваа...

Репрезентација на Финска ја освои светската титула во хокеј на мраз. Во финалето во Свис Арената во Цирих, Финците ја совладаа домашната Швајцарија со златен гол, откако по 60 минути мрежите мируваа. Стрелец на гол за триумф, 20-годишниот Конста Хелениус.

За Финска вкупно 5-то светско злато, до кое дојдоа со девет победи и само еден пораз во групната фаза токму од Швајцарија. Во ко-фазата претходно беа совладани Чешка и Канада.

Швајцарија шести пат освојува сребрен медал, а трет пат едно подруго на СП. Бронзата за Норвешка, која во продолжение славеше над Канада за 3:2