Вицепремиерот Арбен Фетаи поднесе оставка
Во обраќањето до јавноста посочува дека во изминатите две години имал чест и привилегија да и служи на државата, придонесувајќи за реформи насочени кон зајакнување на отчетноста, транспарентноста и владеење на правото...

Вицепремиерот задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, поднесе оставка на функцијата во владиниот кабинет.
Во обраќањето до јавноста посочува дека во изминатите две години имал чест и привилегија да и служи на државата, придонесувајќи за реформи насочени кон зајакнување на отчетноста, транспарентноста и владеење на правото. Вели, заминува со крената глава и со чиста совест, но не целосно задоволен од постигнатото.
„Денеска на премиерот му ја предадов мојата оставка од должноста на вицепремиерот одговорен за добро владеење. Во текот на овие две години, имав чест и привилегија да служам на земјата, придонесувајќи за реформите насочени кон зајакнување на одговорноста, транспарентноста и владеењето на правото. Дали сум целосно задоволен со постигнатото? Секако дека не. Секогаш има место за повеќе, за подобро и за побрзо. Но, дали работев со најголема посветеност да поставам темели на кои може да се гради понатаму? Без двоумење, да. Заминувам со крената глава и чиста совест. Ова е добро смислена одлука, донесена со убедување дека во сегашните околности ова е најправедно и најдостоинствено нешто. Им благодарам на сите што веруваа во мене, ме поддржуваа и соработуваа со мене за време на ова патување. Посебна благодарност до мојот тим, меѓународните партнери, граѓанското општество и граѓаните кои ми дадоа сила и мотивација на секој чекор. Сервисот кон јавниот интерес не завршува кога завршува функцијата“, напиша Фетаи.
Премиерот Мицкоски потврди дека оставката е стигната до неговиот кабинет. Најави реконструкција во текот на овој месец.
