евроинтеграции
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта денеска доаѓа во Скопје
02.06.2026 08:01
На денешната агенда на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта е Скопје. Попладне ќе седне на маса со македонската влада...

На денешната агенда на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта е Скопје. Попладне ќе седне на маса со македонската влада. Од владината прес-служба информираат дека посетата ќе започне со тет-а-тет средба помеѓу Мицкоски и Кошта, по што ќе следи проширен состанок на двете делегации.
По завршувањето на разговорите, предвидена е заедничка прес-конференција во Владата. Ден пред посетата премиерот Мицкоски изјави дека е отворен за дијалог, но, бара достоинствено решение со заштита на идентитетот и гаранции од Брисел.
