Трамп тврди дека е постигнат договор со Блискиот Исток
Трамп посочи дека разговарал и со претставници на лидерите на Хезболах кои се согласиле да престанат да пукаат врз Израел и неговите војници...

Американскиот претседател изјави дека го убедил израелскиот премиер да се откаже од планираната голема воена операција во Бејрут. Трамп посочи дека разговарал и со претставници на лидерите на Хезболах кои се согласиле да престанат да пукаат врз Израел и неговите војници.
„Имав разговор со Биби Нетанјаху, замолив да не влегува во голем напад врз Бејрут, Либан. Тој ги врати своите трупи. Ти благодарам Биби! разговарав и со претставници на лидерите на Хезболах и тие се согласија да престанат да пукаат врз Израел. Исто така, Израел се согласи да престане да пука врз нив. да видиме колку долго ќе трае тоа – се надевам дека ќе биде за вечност“-напиша Трамп, на својата социјална мрежа „Трут Соушл“.
Нетанјаху го потврди договорот, но предупреди дека нападите врз Бејрут ќе продолжат доколку Хезболах не престане да ги напаѓа градовите и цивилите.
