Статистика

Најголема потреба за работници има во угостителството

02.06.2026 10:46

Вардарскиот регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,28 проценти.

Стапката на слободни работни места во првото тримесечје од годинава изнесува 2,07 проценти, а најголем број слободни работни места, 2.346, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба, објави Државниот завод за статистика.

Вардарскиот регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,28 проценти.

Највисока стапка на слободни работни места од 4,94 проценти има во секторот Сместување и послужување храна, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,15 проценти.

Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 3,05 проценти.