Украина

Загинати и повредени во масовен руски напад

02.06.2026 12:48

Постојат стравувања дека луѓе сè уште се заробени под урнатините на повеќекатни станбени кои делумно се урнати по рускиот напад. Украинскиот претседател изјави дека помеѓу јануари и мај оваа година, Украина нападнала 15 руски рафинерии за нафта...

Најмалку девет лица се убиени, а десетици се повредени, откако Русија започна голем напад врз градови низ Украина во текот на ноќта. Постојат стравувања дека луѓе сè уште се заробени под урнатините на повеќекатни станбени кои делумно се урнати по рускиот напад. Украинскиот претседател изјави дека помеѓу јануари и мај оваа година, Украина нападнала 15 руски рафинерии за нафта.

„Не останале безбедни патишта за окупаторот на југот и истокот од нашата држава. Ова е уште еден доказ дека нема да има мирни времиња за окупаторот на нашата земја. Ова се одразува и во недостигот – пред сè, во недостигот на гориво во Крим и во другите наши региони под окупација“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.

Руската влада за првпат забрани извоз на авионско гориво. Целта на одлуката, како што соопшти руската влада е да се обезбеди стабилност на домашниот пазар на горива. Предвидено е мерката да остане во сила заклучно со 30 ноември.