Албанија

Протест против луксузниот проект на зетот на Трамп во Албанија

02.06.2026 14:21

Стотици демонстранти протестираа против проектот што медиумите го поврзуваат со Кушнер, зет на американскиот претседател, Трамп...

Незадоволството поради изградбата на луксузен туристички комплекс во заштитено крајбрежно подрачје, ги извади граѓаните на улиците во Албанија. Стотици демонстранти протестираа против проектот што медиумите го поврзуваат со Кушнер, зет на американскиот претседател, Трамп.

„Имаме заштитено подрачје, но пред сè, нашата држава дозволи градежните работи да продолжат без консултации и без транспарентност во врска со тоа што се случува во некои од најубавите области или во еден од последните недопрени региони на Европа“, изјави Клајди Бело – активист.

Демонстрантите побараа и оставка од албанскиот премиер Еди Рама, обвинувајќи дека неговата влада го овозможила проектот преку измени на законот за заштитени подрачја, усвоени во Парламентот во февруари 2024-та година.