Конференција

Транспарентноста во фокусот на обвинителството

02.06.2026 18:17

Поголема отвореност, навремени информации и враќање на довербата кај граѓаните. Обвинителството усвои нова комуникациска стратегија, изработена според европски стандарди, со која јавноста ќе биде подобро информирана за тековните истраги и обвиненија. Предвидени се измени во упатствата за обвинителите, кои во иднина ќе треба поактивно да комуницираат со јавноста, без да ги загрозат истражните постапки.

Нова комуникациска стратегија по европски терк усвои обвинителството со која граѓаните ќе бидат поинформирани за тековните истраги и обвиненија, а треба да придонесе и за враќање на довербата. Моменталниот расчекор меѓу потребите на јавноста да знае и законските ограничувања, ќе се премости со измените во упатството за обвинителите кои во иднина ќе треба да бидат поотворени за својата работа.

Добро е што брзо се процесуираат нападите врз медиумските работници, вели првиот човек на ЗНМ Чадиковски, но смета дека треба да се расветлат и старите случаи на опожарени возила на новинари.

Во обвинителствата работат околу 190 обвинители, но не се сите подеднакво транспарентни. Затоа, велат познавачите, новата стратегија треба да ги мотивира да работат потранспарентно, но истовремено да внимаваат да не ги компромитираат истрагите.

 

Анита Димитријевска - Велковска