Ревизорите утврдија низа неправилности во Институтот за јавно здравје
„Изразивме неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2024 година“, стои во извештајот на Државниот завод за ревизија.

Со извршената ревизија на финансиските извештаи на институтот за 2024 година, утврдено е дека за приемот и потрошувачката на медицински материјали не е воспоставена целосна евиденција и не е извршено усогласување на податоците од сметководствената и материјалната евиденција со спроведениот физички попис на сите потрошни материјали. Приемот и потрошувачката на вакцини не е евидентиран во деловните книги.
Утврдени се неправилности поврзани со ангажирани лица со Договор на дело, како и недоследности при издавањето на простор на институтот под закуп.
Во насока на надминување на утврдените состојби, ревизијата даде препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи, во функција на подобрување на состојбите.