Блиски Исток

Иран и САД извршија нови напади

03.06.2026 08:21

Нападите на островот Кешм, во Ормускиот теснец, биле одговор на таргетирањето цели од страна на Техеран низ Блискиот Исток...

Американската војска соопшти дека почнала напади во самоодбрана врз Иран и соборила балистички ракети и беспилотни летала испукани кон бродови и земји од Заливот. Нападите на островот Кешм, во Ормускиот теснец, биле одговор на таргетирањето цели од страна на Техеран низ Блискиот Исток. Иранските ракети истрелани кон Кувајт и Бахреин пред да стигнат до целта биле соборени. Иранската Револуционерна гарда тврди дека ги таргетирала седиштето на Петтата флота на американската морнарица во Бахреин и друга земја, без да го именува Кувајт.

Најновата ескалација следува во услови на застој во преговорите за прекин на огнот, откако разговорите за договор за ставање крај на повеќемесечната војна не постигнаа напредок викендов. САД велат дека погодиле и онеспособиле танкер за нафта што пловел кон Иран и се обидел да ја пробие поморската блокада во Ормускиот теснец.

Во соопштението се вели дека американските сили спровеле мерки за блокада против танкер под знаме на Боцвана, додека тој транзитирал низ меѓународни води кон островот Харг. Екипажот не ги почитувал упатствата од американските сили повеќе пати во период од 24 часа.