УКРАИНА

Осуда за руските напади врз Киев и други градови

03.06.2026 11:38

Најмалку 22 цивили загинаа, а над 100 се ранети. Претседателот Зеленски прстот го впери кон земјите што и помагаат на Москва да ги заобиколи санкциите...

Сојузниците на Киев со осуда за нападите во кои Русија лансираше стотици дронови и десетици ракети кон главниот град и други украински региони. Најмалку 22 цивили загинаа, а над 100 се ранети. Претседателот Зеленски прстот го впери кон земјите што и помагаат на Москва да ги заобиколи санкциите.

„Секој од овие дронови, сите видови руски ракети, воопшто не може да се произведат без компоненти увезени од други земји. Ова значи дека во секој таков напад, можеби не секогаш свесно, но сепак, реално учество на оние кои работат за Русија, кои ја снабдуваат со пари и ѝ помагаат да ги заобиколи санкциите и да добие илјадници компоненти без кои руското воено производство едноставно би запрело“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Од ООН упатен апел за итна деескалација што ќе доведе до целосен и безусловно прекин на огнот во конфликтот.