Демократите со осуда за политиките на Трамп
Од Рубио беше побарано да одговори дали има докази што ја поддржуваат неговата сугестија за континуирана врска помеѓу Куба и милитантните групи Хамас и Хезболах на Блискиот Исток...

На сослушување пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот, остри тонови од демократите кон државниот секретар на САД. Од Рубио беше побарано да одговори дали има докази што ја поддржуваат неговата сугестија за континуирана врска помеѓу Куба и милитантните групи Хамас и Хезболах на Блискиот Исток.
„Дадовте изјави во кои сугериравте врски со Хезболах и Хамас. Претходната администрација направи темелна проверка со разузнавачката заедница и заклучи дека нема докази дека Куба е вклучена во континуирано државно спонзорство на тероризам. Дали најдовте нови докази што го поткрепуваат тој заклучок“, изјави сенатор Крис Ван Холен, Мериленд.
„Куба го спонзорираше тероризмот и беше поддржана од групи. На пример, практично секоја левичарска, радикална, насилна терористичка група на западната хемисфера во одреден момент се потпирала на поддршка од Куба. Исто така, знаеме, на пример, дека Куба продолжува да биде домаќин на прилично голем број разузнавачки локации во име на Кинезите и Русите“, изјави Марко Рубио, државен секретар на САД.
Пратеникот од Мериленд ја нападна одлуката на САД и Израел да го нападнат Иран, обвинувајќи го Трамп дека влегол во војната во име на Израел. Демократот нотираше дека 14 американски војници и илјадници цивили загинаа, а воедно се зголемија и цените на енергенсите.
