Администрацијата на Трамп најави нови царини
САД планира да воведе дополнителни царини од десет проценти или повеќе за производи од 60 земји, по истрагата за увоз на стоки, наводно направени со принудна работа. Во исто време, предложена царина од 25 насто за Бразил..

Администрацијата на САД планира да воведе дополнителни царини од десет проценти или повеќе за производи од 60 земји, по истрагата за увоз на стоки, наводно направени со принудна работа. Во исто време, предложена царина од 25 насто за Бразил, поради, како што велат, неразумни трговски практики.
Бразилскиот претседател Лула да Силва обвини дека одлуката на Трамп е донесена во корист на неговиот ривал на октомвриските избори, сенаторот Флавио Болсонаро, кој го посети Вашингтон изминатата недела.
Изминатата година, Трамп му наметна царини од 50 проценти на Бразил, главно во знак на протест против гонењето на Жаир Болсонаро кој претрпе изборен пораз во 2022 година.
