Економија

Раст на БДП во првиот квартал

03.06.2026 13:23

Бруто-домашниот производ во првите три месеци од годинава пораснал за 3,1 процент, споредено со истиот период лани. Најголем раст има градежништвото, пораснале и бруто – инвестициите.

Бруто-домашниот производ во првите три месеци од годинава пораснал за 3,1 процент, споредено со истиот период лани, а ако се земат предвид сезонските и календарски приспособените податоци, стапката на раст е 3,3 проценти. Ова го покажаа податоците на државната статистика.

Најголем раст има градежништвото, пораснале и бруто – инвестициите. Попладнево во владата, прес-конференција на премиерот Мицкоски и министерката за финансии Димитриеска – Кочоска.

Од Владата известува Александра Велинова.