Обвинителството да постапи по ревизорскиот извештај, побара ИЈЗ
За прослава за само еден час за годишнината на институтот за јавно здравје поранешното раководство потрошило 50 илјади евра. По ревизорскиот извештај низа неправилности во работењето откри директорката Андоновска. Незаконски биле исплаќани додатоци за на плата. За таканаречено домаќинско работење или извонредна успешност, дел од вработените добивале награди и астрономски суми на крајот на месецот...

Триесетина вработени во ИЈЗ не оделе на работа, за 200 евра ги куцале нивните колеги, додека 20-тина биле на поминување во Институтот за јавно здравје.
Тројца од оние кои речиси седум години не оделе на работа се уште во Институтот, другите си заминале.
Се исплаќале и по 500 евра за домаќинско работење и извонредна успешност.
Со парите што се трошеле за оваа намена секој месец од касата на ИЈЗ се одлевале пет милиони денари, колку што чини едно возило за итна медицинска помош. Картичките за бензин ги користеле лица што не се вработени во ИЈЗ. Месечно трошеле 2.500 евра.
Документите од Институтот ги проверува Бирото за јавна безбедност. Досега за сево ова, никој не е казнет.
Наташа Јанчиќ – Менковски
