Корупција

Мицкоски: Истрагата против Богоев ќе се проширува, следуваат акции и во други институции

03.06.2026 17:11

Истрагата против ексдиректорот на Царинската управа Богоев ќе се прошири - ќе се контролира и работењето на другите институции, најави премиерот Мицкоски. Од СДСМ велат, апсењето е обид за дефокус на јавноста од пораките на Кошта...

Апсењето на поранешниот директор на Царината Стефан Богоев осомничен за примање мито од 1800 евра – ќе биде повод за контрола на работењето и на други институции. Ова го најави премиерот Мицкоски, кој рече дека ќе се вршат засилени проверки онаму каде што ревизорот констатирал неправилности за да се утврди како се делеле тендери и дали се почитувал законот.

Од СДСМ сметаат дека апсењето на Богоев кое се совпадна со посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, е обид на власта за дефокус на јавноста од пораката на високиот европски гостин – дека без уставни измени нема евроинтеграција.

Поранешниот функционер на СДСМ, Богоев, е под истрага за местење тендер за одржување на хигиена на граничните премини.

Снежана Котовска