Засилени контроли на АХВ, сомнежи за неправилности и кај сувомесните производи
По откриените отстапувања во составот на млечни производи кај десет компании, АХВ ги засилува контролите низ државата. Се чекаат и резултатите од анализите на сувомесните производи, каде исто така постојат индиции за неправилности.

Сирење, кашкавал, млечни производи, сувомесни со состав што не одговара на декларацијата – ова го констатирале инспекторите на АХВ. Анализите покажаа неправилности кај 10 компании, но од Агенцијата велат дека не станува збор за небезбедност на храната, туку за нарушен квалитет. Ќе се испитува како течело целото производство.
Сè уште се чекаат и резултатите за сувомесните производи, но и таму има сомнеж за неправилности.
Директорот на АХВ, Миланов, рече дека над 300 тони небезбедна храна биле спречени да стигнат до трпезата на граѓаните. Во меѓувреме, се работи на измени за законот за потрошувачи кои предвидуваат повисоки казни и одземање на решенијата за работа на операторите со храна.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство најавуваат засилени контроли во иднина. Засега има над 200 инспектори на терен.
Ана Јосифоска
