Здравство

Клековски: Над 650 пациенти чекаат вештачки колкови

04.06.2026 18:28

Над 650 пациенти чекаат вештачки колкови во три јавни здравствени установи. Протези има, но, листите на чекање се долги поради реновирањето на хируршките сали, и оти поединци бараат конкретен хирург да ја направи операцијата.

Пациентите бираат кој сака да им го оперира колкот или коленото. И покрај големиот број на хирурзи, сите се одлучуваат за 5-6 лекари во Скопје, па тоа ги прави листите на чекање долги. Директорот на Фондот за здравство вели дека и во внатрешноста има добри хирурзи, кои треба да ја уживаат довербата на пациентите. Засега, и покрај десетината јавни здравствени установи кои даваат вакви услуги, три се најексплоатирани.

Оваа анализа, Фондот за здравство ја спровел по реакции од пациенти кои долго чекале на интервенција. 650 чекаат за колк или колено.

Според податоците на Фондот, на Торалиц за интервенција се чекало година и пол. Само во „8 Септември“, 700 пациенти чекаат за колк, колено и рамо. Бројот на интервенции минатата година бил за 10 проценти поголем во споредба годината претходно.

Наташа Јанчиќ – Менковски