Зеленски му понуди на Путин директни преговори во трета земја
Зеленски му понуди на Путин директни преговори во трета земја. Киев уверува дека е подготвен целосно да ги запре непријателствата и да го почне дипломатскиот процес. Во Кремљ, додека чекаат шефот на државата да го прочита писмото, рекоа дека ако зеленски сака разговор, може да дојде во Москва. Трамп ја поддржа идејата за директен дијалог. На фронтот, војната продолжува…

Украинскиот претседател предложи преговори лице в лице во јавно писмо упатено директно до рускиот претседател. Зеленски предлага директни мировни преговори, прекин на огнот и средба во трета земја како чекор кон крај на војната.
„Доста е со војна. Украина предлага да се стави крај на оваа војна. Ова мора да се направи чесно, со достоинство и со гаранции дека војната нема да се разгори повторно. Предлагам состанок. Сите ги слушнаа вашите претставници, насмеани, како велат дека наводно би можел да дојдам во Москва. Постојат земји кои традиционално биле домаќини на лидери за решавање на прашања од војна и мир“, се вели во отвореното писмо од претседателот Зеленски.
Ако сакате разговори, дојдете во Москва, е првата реакција од Кремљ додека се чека Путин детално да го прочита писмото. Од Меѓународен форум во Санк Петербург, рускиот претседател повтори дека Русија е подготвена за мир и дека условите се познати и се дискутирани во Алјаска со претседателот Трамп Путин вели дека се апсурдни западните предупредувања дека Русија би можела да го нападне НАТО. Побара од Европа да запре со обвинувањата и да разговара со Москва како со рамноправен партнер.
„Која е поентата ние да ја напаѓаме Европа и да се бориме со НАТО? Па, само велам дека е глупост. Ова е намерна провокација со цел да се создаде закана што всушност не постои и да се принудат луѓето од нивните земји да трошат повеќе пари за одбрана“, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.
Трамп ја поддржува идејата за директен дијалог. Во исто време, Претставничкиот дом на САД го усвои предлог-законот за помош на Украина до девет милијарди долари и нови санкции за Русија.
„Мислам дека имавме многу врска со тоа. Знам точно што прават, но би било одлично ако мислат дека треба да го завршат тоа“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Војната продолжи и изминатото деноноќие. 200 беспилотни летала и две ракети биле пресретнати над неколку региони. Беспилотното летало од типот што се користел во војната во Украина експлодираше во романското црноморско пристаниште Констанца. Инцидентот се случува една недела откако дрон се урна во станбена зграда во земјата, при што беа повредени две лица.
Маријана Димовска
