Косово

„Самоопределување“ победник на изборите во Косово

08.06.2026 14:44

Партијата на Курти освои најмногу гласови на предвремените парламентарни избори во Косово, покажаа првичните резултати...

Партијата на премиерот Албин Курти освои најмногу гласови на предвремените парламентарни избори во Косово, покажаа првичните резултати. Останува нејасно дали исходот ќе стави крај на политичкиот ќорсокак.

„Драги граѓани, ова е уште една потврда дека барем оваа деценија, а верувам и многу повеќе од тоа, ќе биде под власта на движењето „Самоопределување“. Затоа, дури и на овие петти парламентарни избори за помалку од седум години, се докажа дека сите се натпреваруваат, мнозинството гласа и ние победуваме“, изјави Албин Курти, лидер на партијата „Самоопределување“.

Гласањето беше трето во Косово за помалку од 18 месеци, а беше закажано откако главните политички партии не успеаја да се договорат до рокот во март за тоа кој треба да ја замени претседателката Вјоса Османи.