Фудбал

Модриќ се изедначи со Меси по бројот на настапи за репрезентацијата

08.06.2026 14:01

Хрватскиот ветеран Лука Модриќ го одигра 198. натпревар за националниот тим и се изедначи со Лионел Меси на второто место на вечната листа по број на репрезентативни настапи.

Лука Модриќ стигна до 198 настапи за хрватската репрезентација, изедначувајќи се со Лионел Меси на второто место на вечната листа. Јубилејниот настап го забележа на пријателскиот натпревар против Словенија во Вараждин, кој Хрватска го доби со 2:1, а Модриќ се запиша и меѓу стрелците.

Рекордер останува Кристијано Роналдо со 227 настапи за Португалија.

Четириесетгодишниот Модриќ, кој од 2025 година настапува за Милан, зад себе има богата кариера во Реал Мадрид, со шест титули во Лигата на шампионите. Светското првенство во 2026 година ќе биде негово петто мундијалско учество.