Судница „Идризово“

Во судницата во Идризово ново рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“

08.06.2026 17:41

Ново рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во судницата во Идризово. Обвинителството презентираше документи за работењето на ДЗС...

Години пред трагедијата, во Кочани немало инспектор за заштита и спасување. Ова го тврди Обвинителството, кое на судењето за пожарот во „Пулс“ презентираше документи за работењето на ДЗС. Во 2015-тата инспектори од Скопје проверувале дуќанче, кое не се сметало за објект под ризик. Но, истовремено не биле проверени градските дискотеки, кабареа и клубови во кои се собираат многу гости.

Поранешниот директор на ДЗС Шабан Салиу реагираше дека на дел од документите иако стои неговото име, потписот не е негов.

Адвокати побараа да се изведат дел од доказите кои обвинителството првично ги предложи, па се откажа од нив. Станува збор за докази поврзани со бројот на пожарникари во Кочани. Одбраната тврди дека по систематизација недостигале 10 пожарникари, кои ако биле вработени, трагичната вечер ќе спаселе повеќе луѓе.

Анита Димитријевска – Велковска