Кривичен суд

Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов

08.06.2026 17:48

Основниот кривичен суд Скопје, по внимателна анализа на обвинението, изведените докази и релевантните законски одредби, оцени дека дејствијата кои му се ставаат на товар на обвинетиот не ги содржат законските обележја на кривичното дела па заради тоа донесе ослободителна пресуда.

Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов со чие возило беше предизвикана кобната сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“, а за која веќе е осуден неговиот син. Основниот кривичен суд Скопје, по внимателна анализа на обвинението, изведените докази и релевантните законски одредби, оцени дека дејствијата кои му се ставаат на товар на обвинетиот не ги содржат законските обележја на кривичното дела па заради тоа донесе ослободителна пресуда.

Во конкретниот случај, непосреден извор на опасност и непосреден причинител на настанатата последица е полнолетниот возач како самостоен учесник во сообраќајот.

Кривичното право почива врз начелото на лична и индивидуална одговорност, поради што последиците од самостојното постапување на едно полнолетно лице не можат автоматски да му се припишат на друго лице само поради роднинска врска или поради сопственост на возилото – наведуваат од Кривичен.