Ригорозна регулатива за електричните тротинети
„Доколку јас би се прашувал, целосно би ги забранил“ – ова е ставот на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за електричните тротинети. Бројот на повредени расте – причината е што ниту инфраструктурата е соодветна, ниту се внимава како се вози. Надлежните почнаа консултации за затегнување на регулативата што ќе внесе ред во хаосот со електричните тротинети...

Бројот на сообраќајни незгоди со електрични тротинети постојано расте, со нив и бројот на повредени граѓани. А, регулатива нема. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски најави реформи кои треба да стават ред во хаосот. Отпочнати се разговори со експерти, од кои треба да произлезат и конкретни решенија.
Многу граѓани сметаат дека ова превозно средство не е безбедно, ниту за оние што го управуваат, ниту за другите учесници во сообраќајот и пешаците. Велат, нема ниту соодветна инфраструктура.
Полицијата ги засили контролите на мотоциклистите и електричните тротинети. Најавуваат дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период.
Електричен тротинет може да управува лице што навршило 14 години, но не смее да превезува други лица.
Александра Спировска
