Интерпелација на Цветан Трипуновски денеска во Собрание
104. собраниска седница, на чиј почеток како прва точка е интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски...

Собранието денеска ја започнува 104. собраниска седница, на чиј почеток како прва точка е интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Пратениците треба да се изјаснат и за потребата од носење на повеќе закони по скратена постапка и во прво читање, како и за Предлог-кодексот за етичко однесување на пратениците.
Интерпелацијата е поднесена од пратеничката група предводена од СДСМ, со образложение за сомнежи за системска корупција во ресорот, за случаи на апсења на високи функционери поради примање мито, како и за наводно загрозување на јавниот интерес и суспензија на ИПАРД 3 програмата. Од опозицијата се наведува и дека политиките во секторот водат кон ризик од селективна и нетранспарентна распределба на јавните средства на штета на земјоделците.
На дневен ред се околу 40 точки, меѓу кои избор и разрешувања на членови во повеќе собраниски и државни тела, како и одлуки поврзани со комисии, советодавни и надзорни органи, меѓу кои Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца, Државната комисија за спречување на корупцијата, Советот за граѓански надзор и Судскиот совет.
