Култура

Во Прилеп се одржува јубилејниот македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

10.06.2026 20:26

Во Прилеп се одржува јубилејниот македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ покрај богатата програма, фестивалот отвора суштински прашања за тоа каде е македонскиот театар на кого му се потребни промени да даде реална слика на општеството во кое живееме...

Колку македонскиот театар е современ и што треба да се направи за да биде реална општествената слика на нашето секојдневно живеење, а да не добиваме впечаток дека гледаме пародија на нашето секојдневие, се прашањата што ги отвори најреномираната театарска манифестација, фестивалот „Војдан Чернодрински“. Театарот мора да се промени, повторно да се обмисли себе си во правец на храбриот нов театар.

Фестивалската публика е едуцирана и заинтересирана, а храброста на новиот театар, се чини, ѕирнува на сцените.

Девет претстави во конкуренција, уште четири во придружна програма, трибини, разговори, промоции, автор во Фокусот, носи Фестивалот за презентација на македонскиот театарски миг.

 

Елизабета Митреска