Откриен мозаикот од куќата на Партениј на локалитетот Стоби
Мозаиците на локалитетот Стоби по зимската пауза достапни на посетителите, меѓу нив и тој од куќата на Партениј, кој подолг период беше покриен. Летово се работи на повеќе проекти, дел со македонски средства дел донации од странство...

После неколку месечна пауза, мозаиците од локалитетот Стоби се достапни за посетителите, откако беа прекриени со песок, заради заштита од ниските температури и временските непогоди зимата. По долго време, повторно се открива уште едно скриено богатство на Стоби, во Куќата на Партениј, пред посетителите се отвора мозаик што со години беше недостапен за јавноста.
Мозаикот е откриен пред еден век и тогашните истражувачи однеле еден негов дел, кој не е познато каде завршил. Цртежите се геометриски фигури. Бидејќи недостасува поголем дел од него, се претпоставува дека има девет квадрати, распоредени во формат 3 по 3, одвоени со плетенка. Секој квадрат е исполнет со различна декорација. Летово освен на мозаикот на куќата на Партениј, стручните лица од НУ Стоби работат и на неколку други проекти.
Од средината на месецов продолжува со работа реставрацијата на Римскиот театар, кој годинава може да ги прими посетителите на театарскиот фестивал Стоби, наменет за драми работени на антички текстови.
Петар Печков
