Битола

Битолските куглари со сребро од Светско првенство

14.06.2026 11:30

Според младинскиот селектор ова е голем успех за нашата земја бидејќи по дванаесет години успеаја да го вратат сјајот на македонското кугларство...

Битолските кугларски репрезентативци од светското првенство во Австрија на Македонија и донесоа сребрени медали. Силната психолошка спремност, напорните тренинзи и чистата одлична игра во тандем икс и тандем беа клучни за овој значаен успех.

Според младинскиот селектор ова е голем успех за нашата земја бидејќи по дванаесет години успеаја да го вратат сјајот на македонското кугларство.

Михајловски нагласува дека имаме квалитетни кугларски репрезентативци за чиј развој потребно е континуирано вложување. Вели дека тешко оди бидејќи од 2013-та се чека деблокација на сметката на Македонската кугларска федерација неопходна за развој на овој спорт. Засега само битолската куглана ја има лиценцата за одржување на меѓународни натпревари.

Ружица Аџикотарева Ѓоршевска