Временска прогноза
Сончево со мала до умерена локална облачност
13.06.2026 08:30
Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец кој повремено ќе достигнува брзина од 50 km/h...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец кој повремено ќе достигнува брзина од 50 km/h.
Минималната температура ќе се движи од 6 до 15 степени, а максималната од 22 до 30 степени.
Во Скопје, променливо облачно и посвежо. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец.
