Во почетокот на јули Марта Кос доаѓа во Скопје
Во почетокот на месецов, во земјава беше и претседателот на европскиот совет Антонио Кошта, во Тиват се одржа самитот ЕУ-Западен Балкан, а претседателката Сиљановска-Давкова во Софија имаше средба со бугарската претседателка Јотова...

На почетокот на јули, еврокомесарката за проширување Марта Кос, доаѓа во Скопје, на средба со премиерот Мицкоски. Во почетокот на месецов, во земјава беше и претседателот на европскиот совет Антонио Кошта, во Тиват се одржа самитот ЕУ-Западен Балкан, а претседателката Сиљановска-Давкова во Софија имаше средба со бугарската претседателка Јотова. Дали ова значи дипломатска офанзива за македонските евроинтеграции и можни ли се поместувања од мртвата точка? Премиерот Мицкоски по средбите со Макрон и Мерц вели дека е оптимист, но и дека очекува да се раздвижат работите.
Шефицата на државата од Софија пак порача дека по средбата со бугарската колешка станало јасно дека Бугарија има и други барања не само внесување на Бугарите во Уставот.
