Намлен број на училишта
Училишните ѕвона, од септември, нема да ѕвонат во уште три села во општина Новаци. Поради недостиг од ученици, следната учебна година ќе бидат затворени три подрачни училишта...

Три од седум подрачни училишта во руралните средини во општина Новаци, од септември ќе ги затворат своите врати за учениците.
Иселувањата од селата и намалениот број на ученици, го земаат својот данок во образовниот процес. За затвора училиштето во село Рапеш каде за следната учебна година нема ниту еден запишан ученик. Додека пет ученици од другите две училишта, наставата ќе ја следат во село Бач. Директорот на основното училиште „Славчо Лумбарковски“ уверува дека согласно процесот на оптимизација и преземените организациски мерки, засега не се соочуваат со вишок на наставен кадар кој е во редовен работен однос.
Со цел задржување на младото население во општината, локалната самоуправа презема низа конкретни мерки насочени кон основците-таблети за четвртоодделенците, оброк за сите ученици до деветто одделение, како и рехабилитационен викенд на Пелистер.
Статистичките податоци загрижувачки. Од 936 ученици во учебната 82/83, на само 136 за следната учебна година. Зад овие бројки стои се поизразениот демографски пад, кој покрај училиштата, ја менува и сликата на руралните заедници.
Александра Максимовска
