Партиски препукувања
Изјавите на претседателката Сиљановска-Давкова се потврда на ставовите што СДСМ долго време ги бранеше, смета лидерот на СДСМ Филипче...

Неодамнешните ставови на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се потврда на позициите што СДСМ и граѓанскиот „Фронт за вистина и правда“ ги застапуваат веќе подолг период, смета лидерот на социјалдемократите, Филипче. Во објава на социјалната мрежа Икс, посочува дека историските спорови со Бугарија и работата на заедничката историска комисија не се дел од условите за продолжување на преговорите со Европската унија, туку претставуваат билатерално прашање меѓу двете држави. Неговата реакција како што вели, е по изјавата на претседателката дека Македонија треба да напредува кон Европската Унија преку спроведување реформи и владеење на правото, а не преку расправи за историјата и националниот идентитет. Во објавата на платформата Икс, лидерот на СДСМ ја цитира изјавата на Сиљановска-Давкова во која таа вели дека државата треба да биде оценувана според Копенхашките критериуми и да се фокусира на процесот на европеизација.
Додека раководството на СДС и нивниот претседател Венко Филипче, познат како специјален пратеник на Бугарија во Македонија или народски кажано, слуга на официјална Софија, гледаат само да распродадат се македонско, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ мисли на граѓаните и секојдневно работи за подобар животен стандард, реагираа од владејачката партија. Веројатно тоа го гледаат како единствен начин за доаѓање на власт, изјави Петрушевски.
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека лидерот на СДСМ, во обид да го подобри својот политички рејтинг по слабите резултати на анкетите, се залага за прифаќање на уставните измени, поврзани со внесувањето на Бугарите во Уставот.
Милчо Велески
