Божиновска: Енергетската транзиција носи нови инвестиции и економски раст
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествуваше на „IFC Day in North Macedonia“, каде ги претстави приоритетите на Министерството за модернизација на енергетскиот сектор и забрзување на инвестициите во обновливи извори на енергија.
Енергетската транзиција не е само еколошка обврска, туку и можност за нови инвестиции и економски развој, порача министерката за енергетика Сања Божиновска на настанот „IFC Day in North Macedonia“, организиран од Меѓународната финансиска корпорација.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествуваше на „IFC Day in North Macedonia“, каде ги претстави приоритетите на Министерството за модернизација на енергетскиот сектор и забрзување на инвестициите во обновливи извори на енергија.
Таа истакна дека новиот Закон за енергетика, донесен во 2025 година, ја усогласува земјата со европските стандарди и создава подобри услови за развој на обновливите извори, складирањето енергија и интеграцијата на пазарот на електрична енергија.
Божиновска нагласи дека Македонија работи на натамошно усогласување со европското законодавство и на поврзување со регионалните и европските пазари на електрична енергија, што треба да придонесе за поголема сигурност, ликвидност и доверба кај инвеститорите.
Од Министерството порачаа дека остануваат посветени на реформите и создавањето услови за одржлива енергетска транзиција, со цел поттикнување на економскиот раст и енергетската стабилност на државата.
