Грција ќе поставува модуларни контролни пунктови на Евзони
Грција планира да поставува модуларни контролни пунктови на граничните премини вклучително и на Евзони. На една сообраќајна лента да има по два пункта. На тој начин се очекува да се намалат гужвите и зголеми протокот...

За да се намалат гужвите и зголеми протокот на патници, грчките власти ќе постават модуларни контролни пунктови на копнените гранични премини. Такви пунктови се планираат и на Евзони кои ќе имаат за цел да се намали времето на чекање за влез во Грција.
Патниците пак сметат дека границите на ЕУ вклучително и на Грција треба да се поминува со пасош како документ за контрола без да има фотографирање и земање отпечатоци кои создаваат гужви.
Богородица – Евзони на македонско грчката граница е еден од најфреквентните гранични премини каде дневно поминуваат и по над десет илјади патници.
Ване Трајков
