САД и Иран утре ќе го потпишат договорот
Иранската државна телевизија емитуваше фотографии од претседателот Масуд Пезешкијан како потпишува првичен договор за завршување на војната.

Формалната церемонија на потпишување на меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран е закажана за утре во Швајцарија. Иранската државна телевизија емитуваше фотографии од претседателот Масуд Пезешкијан како потпишува првичен договор за завршување на војната.
Спикерот на иранскиот парламент пак изјави дека знамето на победата се вее во тековните преговори.
„Разликата помеѓу преговорите сега и претходните периоди е што денес, на теренот постои знамето на победата, што и непријателите и пријателите го признаа“, изјави Мохамад Багер Калибаф, претседател на парламентот на Иран.
Шефот на Белата Куќа вели дека најверојатно силите на САД нема да останат уште долго во регионот на Заливските земји.
„Не сме размислувале за тоа. Навистина, веројатно уште некое време. Тоа е добро место за престој. Прашањето беше колку долго ќе ја оставите војската во Заливот? Би рекол малку. Ќе видиме како ќе оди се. Мислам дека ќе помине добро, но ќе видиме“, рече американскиот претседател Доналд Трамп.
Нацрт-договорот со 14 точки вклучува нов стандард за ирански ураниум и одредби за обезбедување на територијалниот интегритет на Либан. За возврат, САД ќе преземат чекори за ублажување, но не и за укинување на некои санкции против Иран, кој повторно би можел слободно да продава нафта. Со договорот се обезбедува бесплатен премин низ Ормускиот Теснец само 60 дена и не се исклучуваат такси во иднина.
