Влада

Денеска и утре разговори за кадровски промени во Владата

19.06.2026 08:18

Кој ќе биде сменет, а кој ќе остане на функцијата? Од денеска стартуваат разговорите на владините коалициски партнери за најавената реконструкција на Владата. На заедничка маса со премиерот Мицкоски ќе седнат Меџити од Вреди и Димитриевски од ЗНАМ. Шефот на Владата ќе ја слушне визијата, за да се види дали таа се поклопува и со останатите коалициски партнери, па во зависност од тоа, понатаму може да се дискутира за кадровските структури, велат од „Илинденска“...

Кој ќе биде сменет, а кој ќе остане на функцијата? Од денеска стартуваат разговорите на владините коалициски партнери за најавената реконструкција на Владата. На заедничка маса со премиерот Мицкоски ќе седнат Меџити од Вреди и Димитриевски од ЗНАМ. Шефот на Владата ќе ја слушне визијата, за да се види дали таа се поклопува и со останатите коалициски партнери, па во зависност од тоа, понатаму може да се дискутира за кадровските структури, велат од „Илинденска“. Од Вреди и од ЗНАМ очекуваат да ги задржат сегашните ресори, иако не се исклучува да има ротации. Извесно е само дека ќе има нов министер во ресорот за добро владеење, по оставката на Арбен Фетаи.

Премиерот Христијан Мицкоски и на роденденот на партијата посочи дека ќе има измени бидејќи како што рече и граѓаните имале забелешки за одредени министри и функционери кои стануваат се понедостапни, а приватните патувања им биле поважни од службените. На уморните министри им порача дека било чесно и фер да си заминат. Се очекува реконструкцијата да финишира до крајот на месецов, што се поклопува со две години од мандатот на Владата, предводена од Мицкоски.