Хрватскиот актер Горан Вишњиќ е новиот Џејмс Бонд?

23.09.2014 14:54

Веќе подолго време кружат шпекулации дека хрватскиот актер Горан Вишњиќ би можел да биде новиот Џејмс Бонд. Оваа сеуште неофицијална инфомрација се актуелизира иако многумина се свесни дека многу се мали шансите Бонд да го игра актер кој не е од Обединетото Кралство или Австралија.

Дури ни самиот Вишњиќ не сака да ги коментира овие написи, туку само кусо изјави дека „не е професионално да се коментира улога која се уште не ја добил“, иако 42-годишниот актер тврди дека е горд со тоа што некои го гледаат во таа ролја.

По серијата „Extant“ и помалите улоги во „The Counselor“ на Ридли Скот, Вишњиќ ќе се појави во „Midnight Sun“ на Роџер Спотисвуд  и во кусометражниот филм „95 Decibels“, а дали неговата страница на ИМДП наскоро ќе биде збогатена и со улогата на Џејмс Бонд, ќе покаже времето.

Сепак, според онлајн обложувалниците Горан Вишњиќ не е ни во првите пет кандидати за нов 007. Имено, во овој круг на потенцијални Бондови се наоѓаат: Идрис Елба, Том Харди, Мајкал Фашбендер, Ричард Армитиџ, па дури и Џејмс Мекави и Бенедик Кумбербат, додека Вишњиќ е во групата актери, кои се помалку веројатни како агентот 007, како што се: Хју Џекман, Орландо Блум, Сем Рајли, Гај Перц, Ерик Бан и Џорџ Клуни.