Време

Почнува летото

21.06.2026 09:16

Денеска сонцето го прави својот највисок дневен пат над хоризонтот, изгрева на североисток, на пладне достигнува најголема висина во текот на годината, а заоѓа на северозапад.

Денес, 21-ви јуни официјално започнува летото на северната полутопка. Денот е најдолг во годината, на некои места над 15 часа, а летото ќе трае речиси 94 дена.

Денеска сонцето го прави својот највисок дневен пат над хоризонтот, изгрева на североисток, на пладне достигнува најголема висина во текот на годината, а заоѓа на северозапад.

Астрономите објаснуваат дека сонцето тогаш се наоѓа во точката – сонцестој. Тоа создава впечаток дека висината на сонцето околу пладне не се менува неколку дена, како „да стои во место“.