Железница

Поради ремонт на пругата Скопје- Зелениково, привремено укинати возовите за Велес, Гевгелија и Битола

21.06.2026 10:45

Ќе се изведуваат градежни работи на пругата на делницата од главната железничка станица до станицата Зелениково за потребите на проектот „Градски воз“ соопштија од Јавното претпријатие Македонски железници-Инфраструктура.

Од понеделник до 1 јули нема да сообраќа ниту еден патнички воз од Скопје во правец на Велес, Гевгелија и Битола.

Ќе се изведуваат градежни работи на пругата на делницата од главната железничка станица до станицата Зелениково за потребите на проектот „Градски воз“ соопштија од Јавното претпријатие Македонски железници-Инфраструктура.

Овие десет дена во Македонија ќе сообраќаат само двата патнички воза, утринскиот и пладневниот кон Куманово и назад кон Скопје.