филипини
Тројца загинати во напад во средно училиште на Филипините
22.06.2026 11:42
Две лица отворија оган во средно училиште во градот Таклобан, на Филипините, при што загинаа тројца ученици...

Две лица отворија оган во средно училиште во градот Таклобан, на Филипините, при што загинаа тројца ученици, а уште петмина се повредени.
Полицијата соопшти дека двајцата осомничени се приведени, а еден од нив е ученик во истото училиште. Сè уште се утврдува мотивот за нападот, додека безбедносните сили се распоредени околу училиштето и е во тек истрага.
