РКЕ

Значително поевтинување на горивата

22.06.2026 12:55

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на цените на горивата што ќе стапи во сила од полноќ. Најголемо намалување има кај дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, кои поевтинуваат за седум денари по литар.

Од ноќеска на полнoќ стапуваат во сила новите малопродажни цени на нафтените деривати, со значително намалување на цените на бензините, дизелот и мазутот.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,5 денари по литар и ќе изнесува 84 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 4 денари и ќе се продава по цена од 86 денари за литар.

Најголемо намалување има кај дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V), чија цена се намалува за 7 денари по литар и ќе изнесува 80,5 денари. За ист износ поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), кое ќе се продава по цена од 79,5 денари за литар.

Намалување има и кај мазутот М-1 НС, чија цена се намалува за 3,932 денари по килограм и ќе изнесува 42,291 денари за килограм.

Според новата одлука, максималните цени на горивата од полноќ ќе бидат: 84 денари за ЕУРОСУПЕР БС-95, 86 денари за ЕУРОСУПЕР БС-98, 80,5 денари за дизелот, 79,5 денари за екстра лесното масло за домаќинство и 42,291 денари за килограм мазут.