Индија

Пожар во Индија усмрти 15 студенти

23.06.2026 15:14

Најмалку 15 лица загинаа, претежно студенти, во пожар што избувна во образовен центар во градот Лакнау ...

Најмалку 15 лица загинаа, претежно студенти, во пожар што избувна во образовен центар во градот Лакнау, во индиската сојузна држава Утар Прадеш. Според првичните информации, огнот брзо се проширил низ објектот при што се урнал дел од зградата заробувајќи ги луѓето внатре.

„Одеднаш избувна пожар. Студентите истрчаа кон задниот дел, но се заробија во чадот и не можеа да преживеат. Немаме информации како точно се случило тоа“, изјави Браџеш Патак – заменик-главен министер на Утар Прадеш.

Спасувачките екипи интервенирале веднаш и успеале да извлечат најмалку 10-мина преживеани. Потрагата по останатите и причините за несреќата продолжуваат.