Европа
44 степени во Париз, жртви и тревога во Франција
23.06.2026 11:52
Во Франција има најмалку 18 жртви, а половина од земјата е под црвена тревога, додека во Париз се измерени 44 степени Целзиусови.

Западна Европа е погодена од екстремен топлотен бран со рекордни температури и сериозни нарушувања. Во Франција има најмалку 18 жртви, а половина од земјата е под црвена тревога, додека во Париз се измерени 44 степени Целзиусови.
„Навистина е жешко, не очекував да биде волку топло.Се обидувам да најдам сенка и да се опуштам покрај реката каде што дува ветер“, изјави Тања Касалеџо - туристка од Лондон во Париз.
Мерки се воведени и во Шпанија, Белгија и Германија.
