Образование

Втор рок за уписи во средно

24.06.2026 10:24

Учениците кои не успеаја да се запишат во средно образование, во првиот јунски уписен рок за учебната 2026/2027 година, деновиве со нова можност.

Учениците кои не успеаја да се запишат во средно образование, во првиот јунски уписен рок за учебната 2026/2027 година, деновиве со нова можност. Вчера се одржа второто електронско пријавување. Денеска пак, ќе се доставува потребната документација.

Има речиси 12 илјади слободни места. Ранг-листите со резултатите од запишувањето ќе бидат објавени утре. во училиштата каде што ќе има кандидати со ист број бодови, ќе се организира квалификациско тестирање, закажано за 29-ти јуни.

Во првиот уписен рок се пријавиле нешто повеќе од 15 илјади ученици, а успешно се запишале над 13 илјади полуматуранти.