Италија
Недостиг на струја поради жештините во Милано
24.06.2026 09:11
Делови од Милано останаа без струја поради преоптоварување од климатизери за време на екстремниот топлотен бран...

Делови од Милано останаа без струја поради преоптоварување од климатизери за време на екстремниот топлотен бран што ја зафати Европа.
Прекинот почнал во ноќта и продолжил да се повторува повремено и изутрината, предизвикувајќи проблеми со јавните служби и итните интервенции.
Пожарникарите интервенирале во спасувачки акции за лица заглавени во лифтови.
